Реклама

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Валандово се развива преку инвестиции во инфраструктурата, водоснабдувањето и подобри услови за живот во сите делови на општината

Локалната власт во Валандово предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на политиките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Локалната власт во Валандово предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на политиките насочени кон рамномерен локален развој, подобрување на инфраструктурата и создавање поквалитетни услови за живот на граѓаните, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај наследените финансиски обврски од над 60 милиони денари, општината презема активности за финансиска консолидација, истовремено реализирајќи проекти што носат конкретни придобивки за граѓаните, од реконструкција на улици и локални патишта, преку подобрување на водоснабдувањето, до инвестиции во образованието, спортот и културата.

Еден од позначајните инфраструктурни проекти е реконструкцијата на дел од улицата „Маршал Тито“ во Валандово, инвестиција вредна над 5 милиони денари, со која се подобрени подземната инфраструктура, тротоарите, паркинг-просторот и хортикултурно уредување.

Реклама

Во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта се реализирани активности за реконструкција на регионалниот пат Р1105 на делницата Јосифово – Удово, како и на делови од влезовите и излезите од Валандово, дополнително, преку инвестиции од општинскиот буџет и поддршка од Министерството за транспорт, се реконструираат и градат улици во повеќе населени места, меѓу кои Раброво, Дедели, Башибос, Кочули, Балинци, Брајковци, Собри, Марвинци и Пирава. Целта е подобра патна поврзаност, поголема безбедност и рамномерен развој на сите делови од општината.

Особено значајна е и инвестицијата во водоснабдителниот систем во Калково, каде што е во тек третата фаза од проектот за реконструкција на секундарната водоводна мрежа, во вредност од над 36 милиони денари, проект поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање кој треба да придонесе за подобрување на водоснабдувањето и условите за живот на жителите.

Внимание се посветува и на уредувањето на јавните површини, така што просторот кај поранешниот детски парк во близина на „Стоковна“ во Валандово е обновен и опремен со 26 нови паркинг-места, детски парк, тротоари, зелени површини и урбана опрема, а воедно продолжуваат активностите за урбанистичко планирање и создавање услови за нови инвестиции и домување.

Подобрувањето на условите за образование и згрижување на децата се еден од главните приоритети на локаланата власт во Вландово и во таа насока реконструирана е детската градинка во Брајковци, а потпишан е договор за изградба на нова градинка во Пирава, вреден 23 милиони денари, а со инвестиција од над 10 милиони денари е реконструирано и училиштето во Брајковци.

За учебната 2026-2027 година, Општина Валандово обезбеди еднократна финансиска поддршка од 4.000 денари за секое прваче и 12.000 денари за секој ученик запишан во прва година во СОУ „Гоце Делчев“, а предвидени се и награди за учениците што постигнуваат високи резултати на државните натпревари.

Во областа на спортот, во тек е реконструкција и модернизација на спортските објекти во Валандово и Пирава, со инвестиција од 6,5 милиони денари од општинскиот буџет и донација од Фудбалската федерација на Македонија.

Во делот на комуналните услуги, се реализира проект за набавка на специјализирано возило за собирање и транспорт на отпад, вреден 4,95 милиони денари, во завршна фаза е и набавката на 50 нови контејнери, а дополнително, преку проект за енергетска ефикасност вреден над 23 милиони денари, се реконструираат општинската зграда и Домот на културата.

Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на политиките што носат конкретни резултати за граѓаните, а развојот на Валандово се темели на инвестиции, одговорно управување и создавање подобри услови за живот во секое населено место.