Реклама

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Први другари на Вучиќ се Филипче, Заев и Ковачевски од СДСM – го чекаа со црвен тепих, јавно го величаа и му се заблагодаруваа

СДСM и Венко Филипче сакаат да се дистанцираат од Александар Вучиќ по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM и Венко Филипче сакаат да се дистанцираат од Александар Вучиќ по поразот на парламентарните избори. Залудни им се обидите да се исперат пред јавноста, затоа што секој во државата знае дека Филипче, Зоран Заев и Димитар Ковачевски се негови први другари, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. 

Додека беа на власт му правеа пречеци со црвен тепих, јавно го фалеа, му се заблагодаруваа и велеа дека со претседателот Вучиќ и премиерката Брнабиќ градат одлични односи на соработка.

Така, во екот на ковид-кризата, Венко Филипче како тогашен министер за здравство, заедно со неговиот ментор Заев, свечено ја пречекуваше донацијата на вакцини од Србија, предводена од Вучиќ, со јавни пофалби и благодарности.

Реклама

И, нормално, недостигот на вакцини во Македонија се случи затоа што од нивната набавка сакаа да ќарат провизија во нивните џебови.

Зоран Заев, пак, по објавувањето на разговорите со руските пранкери, во кои зборуваше за Вучиќ, јавно, понизно и со свиткана кичма му се извинуваше на српскиот претседател. Подоцна на гранични премини следуваа големи пречеци, средби и величања на ликот и делото на Александар Вучиќ.

Негувањето на блиски, другарски, односи со поранешниот српски претседател го продолжи и следниот премиер и претседател на СДСM, Димитар Ковачевски, кој заедно со Вучиќ до раните утрински часови пиеја, пееја и се веселеа.

Значи, српскиот свет за кој СДСM на чело со Филипче го зборува, го промовираа Венко, Заев и Ковачевски, исто како што ги промовираа и бугарскиот и рускиот свет.

Но, никако не станаа промотори на македонскиот, како што не ги штитеа ниту македонските национални интереси, достоинство, култура, јазик, историја.

Му слугуваа на кој стигнат, само за свои лични интереси, на штета на интересите на граѓаните и државата, затоа и сега се таму каде што се, во длабока опозиција, со низок рејтинг на граница на статистичка грешка, без доверба од граѓаните.