Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

Мицкоски: Инвестираме во модернизација на институциите и подобри јавни услуги

Владата инвестира во модернизација на институциите преку набавка на нови возила за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата инвестира во модернизација на институциите преку набавка на нови возила за потребите на здравството, царината, комуналните служби, Македонска пошта, полицијата и Армијата, објави премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук-профил.

Како што наведува Мицкоски, набавени се 100 нови амбулантни возила за македонското здравство, 26 специјализирани возила за модернизација на царината со поддршка од Европската Унија и 65 мултифункционални комунални возила.

Покрај тоа, набавени се 100 нови возила за потребите на Македонска пошта, 120 за македонската полиција и 124 возила за потребите на Армијата.

Реклама

– Како Влада, инвестираме во модернизација на институциите, подобри јавни услуги и поголема безбедност за сите граѓани. Се грижиме за потребите на граѓаните и градиме посилна, поефикасна и современа држава – наведува Мицкоски во објавата.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: