Реклама

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Македонија

АД ЕСМ ќе спроведе редовна годишна ревизија на енергетската инфаструктура во ХЕЦ Шпилје, неколку часа без струја Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше

АД ЕСМ ја известува јавноста дека во рамки на подготовките на електроенергетскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

АД ЕСМ ја известува јавноста дека во рамки на подготовките на електроенергетскиот систем за претстојната зима утре стручен тим на Подружница ХЕС Црн Дрим ќе изведе неопходни планирани годишни испитувања на релејната заштита на регулациониот трансформатор (РТР) 110/35 kV, на 35 kV изводи и техничка ревизија на примарната опрема на дел од 110/35 kV разводната постројка во ХЕЦ „Шпилје“.

-Поради планираните инвестициски активности, во периодот од 10.30 до 14.30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат потрошувачите од општините Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше. Вообичаено, редовната годишна активност предвидува прекин на електричната енергија за предметните општини во времетраење од осум часа, но со цел да се избегнe подолготраен прекин, зафатот ќе се одвива со оптимизирана динамика и за првпат, ќе се изведе во рок од четири часа со цел да се минимизира периодот предвиден за прекин на напојувањето со електрична енергија – информираат од АД ЕСМ.

Овие неопходни превентивни проверки, велат, се клучни за безбедноста на системот во текот на претстојната зима и се во интерес на потрошувачите во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше.