Реклама

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Економија

Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

„Ако ја гледаме просечната нето исплатена плата, тука сметам дека има навистина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ако ја гледаме просечната нето исплатена плата, тука сметам дека има навистина голем раст, во првите две години од нашето владеење ВМРО-ДПМНЕ ја има за 1.300 денари повеќе покачено минималната плата од СДСM, не можеме во ниту еден економски перформанс да се споредиме со СДСM, а да не сме супериорни“, рече Бојан Стојаноски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на една од националните телевизии, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Стојаноски истакна дека граѓаните ги чувствуваат економските придобивки преку повисоките пензии и плати и нагласи дека растот на животниот стандард и подобрувањето на економската состојба се одразуваат во секојдневието на граѓаните.

„Граѓаните чувствуваат кога ќе отидат во маркет и кога знаат дека двајца пензионери дома имаат 14.000 денари повисока пензија него што имаа пред две години, граѓаните знаат кога ќе отидат во маркет дека 99% од нив имаат склучено колективни договори за еден мандат платите да им пораснат за 50%, граѓаните знаат ако работат во приватниот сектор дека кога ќе отидат во маркет државата помогнала на нивната компанија со 250 милиони евра меки кредити за да ја зголемат продуктивноста, преработувачката индустрија расте, платите се зголемуваат и во приватниот сектор“, посочи Стојаноски.

Реклама

Стојаноски потенцираше дека голем дел од државните средства се насочуваат кон отплата на стари долгови и камати, наместо кон развојни проекти и посочи дека наследените обврски претставуваат сериозен товар за буџетот и го ограничуваат просторот за реализација на нови инвестиции и проекти во интерес на граѓаните.

„37% од дефицитот вкупниот којшто го имаме 41,6 милијарди денари оди на отплаќање на каматни барања, оваа година имаме за 13,5% повеќе средства коишто треба да ги издвоиме за враќање на стари долгови тоа се 76 милијарди денари, во овој момент 64 милијарди имаме отплатено до крајот на годината имаме уште 12 милијарди да вратиме, пари коишто некој ги зел а видовме дека не направил ништо“, дециден е Стојаноски.