Реклама

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Македонија

Искра Хаџи Василева со најмногу гласови за шефица на ОЈО ГОКК, записникот ќе биде објавен утре

Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), откако на денешното гласање освои 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче, покажуваат сумираните резултати од петте изборни места во државата. Официјалниот записник од гласањето ќе биде објавен утре, по што обвинителите што учествуваа во изборната трка ќе имаат рок од пет часа за поднесување евентуални жалби. По истекот на рокот, записникот ќе стане официјален, со што ќе биде потврден и изборот на Хаџи Василева.

Втор според бројот на освоени гласови е Трајче Пеливанов со 57, Јован Цветановски освои 30, Фатон Азизи 14, а Лидија Раичевиќ шест гласа. На гласањето имало четири неважечки ливчиња, додека 12 јавни обвинители не го искористиле правото на глас.

Гласањето се одвиваше од 8 до 16 часот, по што резултатите беа сумирани на јавна седница на Советот на јавните обвинители. За функцијата се кандидираа пет јавни обвинители: Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

Реклама

Изборниот процес го спроведе комисијата формирана од Советот на јавните обвинители, во состав Ермон Незири, Светлана Стојковиќ и Кети Петкова.

Во врска со изборот на нов раководител на ОЈО ГОКК, републичкиот јавен обвинител Ненад Савески, денеска оцени дека станува збор за значаен демократски процес, во кој обвинителската фела непосредно одлучува кој ќе раководи со Обвинителството надлежно за гонење организиран криминал и корупција.

-Се надевам дека избраниот јавен обвинител доследно ќе одговори на задачите што стојат пред него и дека заеднички ќе придонесеме за зајакнување на довербата во институцијата и за јасно покажување ефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата – порача Савески.

Значењето на ОЈО ГОКК, рече Савески, ги надминува рамките на јавнообвинителскиот систем и е важно и за имиџот на државата.

Петтемина кандидати ги претставија своите програми пред Советот на јавните обвинители на 13 октомври. Во фокусот на нивните програми беа јакнењето на истражните капацитети, борбата против корупцијата и перењето пари, финансиските истраги, ефикасноста во постапувањето и поголемата независност на обвинителството.

Изборот се спроведе поради истекувањето на мандатот на актуелниот раководител на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, кој беше избран на функцијата во октомври 2022 година. Огласот за избор беше објавен во „Службен весник“ на 21 август годинава.