Реклама

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Економија

Пуштен во употреба мегапарк во општина Бутел

Мегапаркот „Бутелска оаза“, кој се простира на 50.000 квадратни метри, денеска е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мегапаркот „Бутелска оаза“, кој се простира на 50.000 квадратни метри, денеска е официјално пуштен во употреба од градоначалниците на Скопје и  скопската општина Бутел,  Орце Ѓорѓиевски и Дарко Костовски. Паркот има богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки, фитнес-зони и содржини за сите генерации.

Градоначалникот на Скопје, Ѓорѓиевски, истакна дека Бутел доби „ново зелено срце, место што ќе им припаѓа на граѓаните, ќе зближува генерации и ќе создава спомени“.

-Има посебна радост кога дадениот збор ќе стане место исполнето со детска смеа.  Се сеќавам, кога ја подготвувавме програмата за Скопје, Дарко побара да изградиме парк десет пати помал од овој што денес го отвораме. Ги разгледавме можностите и решивме да направиме многу повеќе – еден од најголемите мегапаркови во Скопје, каков што Бутел заслужува. Денес, таа одлука е реалност пред нашите очи. На просторот каде што се планираше бетонизација, сега има огромна зелена површина, реквизити за најмладите, пешачки зони и фитнес зони за рекреација. Место за првите детски чекори, за младите и нивните дружења, за семејните прошетки и за спокојните утра на нашите пензионери. Простор за сите генерации. Простор за секој граѓанин, изјави Ѓорѓиевски.

Реклама

Ѓорѓиевски посочи дека за одржување на зеленилото, целиот комплекс има сопствен систем за наводнување со техничка вода.

Градоначалникот на Бутел, Костовски, на Фејсбук соопшти дека жителите добиваат огромен модерен и функционален парк на местото кое „со години беше депонија и симбол на негрижа, место кое беше ветувано за израдба на висококатници и бетонизација“.

-Со Орце Ѓорѓиевски дадовме збор дека ова место повеќе нема да биде заборавено. Денес покажуваме што значи кога се има визија и дадениот збор дека се исполнува. Ова е конкретен пример за тоа како со јасна визија, посветеност и вложување во урбаното зеленило може да се трансформираат запуштените и деградирани простори, во вредни јавни содржини кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните, истакна Костовски.