Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Балкан

Ескалација на протестите во Албанија: 26 повредени во судирите во Тирана

Дваесет и шест луѓе, меѓу кои полицајци, демонстранти и случајни минувачи, се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дваесет и шест луѓе, меѓу кои полицајци, демонстранти и случајни минувачи, се повредени за време на протестите што се одржаа синоќа во Тирана и се згрижени во Универзитетската болница во Тирана. Студентските протести, кои траат веќе три дена, се одржуваат поради незадоволството од условите на универзитетите, високите трошоци за студирање, недоволната финансиска поддршка и слабите можности за вработување по дипломирањето. За време на немирите биле запалени возила и избиле пожари, додека безбедносните служби се обидувале да ја стават ситуацијата под контрола. Албанскиот премиер, Еди Рама, отфрли каква било можност за поднесување оставка, нагласувајќи дека неговата влада има легитимен мандат добиен на минатогодишните избори. Рама истакна дека, иако е подготвен да разговара за барањата на студентите, уништувањето на имотот и нападите врз институциите се неприфатливи, додавајќи дека насилството на улиците не смее да ја загрози стратешката европска цел на земјата. Според Рама, протестот се оддалечил од првичната цел и повеќе не ги претставува реалните грижи на студентите. Тој обвини дека во последните случувања се вмешани надворешни фактори.