Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Суспензија на шест полицајци за случајот со прекумерна употреба на сила од 7 октомври

Шест полицајци ќе бидат суспендирани од работното место и против нив ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шест полицајци ќе бидат суспендирани од работното место и против нив ќе биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина откако се утврдени неправилности во нивното постапување и употребена прекумерна сила врз две лица на подрачјето на Скопје. 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР презема мерки  за настанот што се случил на 7 октомври „за прекумерна употреба на физичка сила и нанесени телесни повреди врз лица од страна на полициски службеници при преземање полициски овластувања“.

-Од извршените проверки, обезбедените снимки од настанот и обезбедените изјави на лица сведоци на настанот, утврдени се низа неправилности при постапувањето на полициските службеници за што од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР против шест полициски службеници ќе биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе бидат изречени мерки за отстранување од работно место- суспензија, соопшти МВР. 

Реклама

Наведува и дека се постапува по наредбите за вештачење издадени од надлежните обвинителства по пријавите за кривично-правните настани поднесени во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Секторот за внатрешни работи Скопје.

-По документирање на целокупниот доказен материјал ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информира Министерството за внатрешни работи.

МВР пред два дена соопшти дека министерот за внатрешни работи му наложил на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди да го испита случајот „по објавите во дел од медиумите дека на 7 октомври, на подрачјето на Скопје, две лица биле физички нападнати од полициски службеници при нивното постапување, при што, според нивните наводи, им бил оштетен и автомобилот“.