Реклама

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Прилози

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

„Роаминг како дома“ наскоро може да стане реалност. Македонија ја заврши својата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Роаминг како дома“ наскоро може да стане реалност. Македонија ја заврши својата работа, а сега на ред е Европската Унија да донесе конечна одлука. Ние сме првата земја од Западен Балкан што го заврши техничкиот дијалог со Европската комисија за приклучување кон европскиот систем. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, очекува дека, ако се оди според планот, веќе од следната година македонските граѓани за време на престојот во земјите членки на Унијата ќе можат да користат мобилни услуги по домашни тарифи.

Изјава: Стефан Андоновски – министер за дигитална трансформација

„Први го завршивме. Претседателот на Владата вчера најави дека е завршен техничкиот дијалог за прифаќање на „Роаминг како дома“. Тоа значи дека очекувам во наредниот период да имаме готов договор, кој ќе го потпишеме. Се надевам дека од наредната година ќе ја уживаме оваа придобивка со Европската Унија.“

Реклама

„Роаминг како дома“, покрај пониските трошоци за граѓаните и компаниите, ќе донесе подобра поврзаност, полесна комуникација, патувања и економска размена. Од Владата посочуваат дека целта е да се намалат бариерите за македонските граѓани и компании и да се овозможат придобивките од европската интеграција.

Покрај телефонските разговори и СМС-пораките, македонските граѓани ќе можат да користат и мобилен интернет по домашни тарифи. Тоа значи дека при патување во земјите на Европската Унија ќе можат да ги користат гигабајтите од своите домашни пакети без дополнителни роаминг-трошоци.

Придобивката ќе важи и во обратна насока, односно и европските граѓани што ќе престојуваат во Македонија ќе можат да ги користат телекомуникациските услуги по услови како во своите земји.