Реклама

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Македонија

Засилени безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид и Струга поради самитот Брдо-Бриони

– Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај се спроведуваат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај се спроведуваат во Охрид и Струга поради состанокот на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што денеска и утре се одржува во Охрид.

Како што информираат од СВР – Охрид, мерките опфаќаат физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците, објектите и локациите предвидени со протоколот за посетата.

Полициските станици за безбедност во патниот сообраќај во Охрид и Струга спроведуваат мерки за обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот на трасите по кои ќе се движат возилата под придружба. Посебно внимание е посветено на булеварот „Туристичка“ во Охрид, дел од автопатот Охрид-Кичево, централното градско подрачје во Струга, регионалниот пат Струга-Дебар, како и на други улици и сообраќајници каде што нема да биде дозволено запирање и паркирање моторни возила.

Реклама

На тие локации се предвидени краткотрајни застои во сообраќајот, што ќе траат до поминувањето на возилата со кои ќе се превезуваат учесниците на средбата.

Од СВР – Охрид информираат дека за безбедно и непречено спроведување на активностите е воспоставена координација со локалните самоуправи, правните субјекти задолжени за одржување на патиштата и улиците, фондовите за комунални дејности, сообраќај и улици во општините Охрид и Струга, јавните претпријатија и други надлежни институции.

Од полицијата апелираат до возачите да ги почитуваат насоките на полициските службеници на терен и своите возила да ги користат само во неопходни случаи во периодот на спроведување на мерките, со цел непречено одвивање на сообраќајот и безбедност на сите учесници.