Реклама

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Македонија

Над 270 ученици се натпреваруваа на државното првенство во пливање во Куманово

Над 270 ученици од основните и средните училишта од целата држава учествуваа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 270 ученици од основните и средните училишта од целата држава учествуваа на државното првенство во пливање, кое се одржа на градскиот базен во Куманово.

Првенството го организираа Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Општинскиот сојуз на училишен спорт. Натпреварувачите беа поделени во три возрасни категории: ученици до петто одделение, од шесто до деветто одделение и ученици од средните училишта.

Тие, како што информираа од општината, се натпреваруваат во четири дисциплини, краул, грбно, прсно и делфин, во машка и женска конкуренција. Најуспешните учесници добија медали и дипломи за освоените прво, второ и трето место.

Реклама

На отворањето на првенството се обратија градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски и претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска.

Од Општина Куманово посочуваат дека ваквите спортски настани придонесуваат за развој на пливачките вештини, поттикнување на спортскиот дух и промовирање здрави животни навики кај младите, како и за афирмација на училишниот спорт.