Реклама

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Прилози

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Признание за спроведените реформи и поттик тие засилено да продолжат. Пораките од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Признание за спроведените реформи и поттик тие засилено да продолжат. Пораките од Брисел и дополнителните 75 милиони евра од планот за раст кои се ставаат на располагање на државата за експертите е позитивен сигнал. Во услови кога Македонија работи забрзано на реформскиот процес, парите кои допрва треба да се ослободат од пакетот за Западен Балкан според упатените се финансиска инекција која е повеќе од добредојдена. Драган Тилев, кој има богато искуство со следење на европските процеси оценува дека Македонија и досега покажува капацитет што веќе е препознато и во европските извештаи. Но, предупредува дека парите не доаѓаат автоматски и не го зголемуваат вкупниот предвиден износ, туку важат строги правила и услови за сите 136 реформски чекори.

„Се добива допинг ап дополнителни , тоа нема да значи автоматски ќе се ислкористи и нема да го зголеми изноиот, остануваа услови и правила со инструментот за реформи и раст, сите критериму има посебни правила во оние 136 реформиски чекоти, ќе треба да продолжи да се реализираат. мора да се нагласи, поради дополнителни средства владата е веќе во преговори, на дополнителни реформи чекори, кои ќе треба да се исполнат во краток временски период“, Драган Тилев експерт за европски политики

Со оглед на тоа што една третина од овие средства се наменети за директна буџетска поддршка за инфраструктура, клучниот предизвик во наредниот период, освен имплементацијата на реформите, ќе биде државата да има подготвени и зрели проекти за да може реално да ги апсорбира европските пари

Реклама

Сега се потребни дополнителни напори од Владата за да се ослободат следните транши. Бидејќи една третина од средствата одат за буџетска поддршка во инфраструктурата, освен успешно спроведување на реформите, на државата ѝ се неопходни и зрели проекти за да може да ги искористи европските пари“, вели Драган Тилев експерт за европски политики

По Самитот ЕУ – Западен Балкан, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека Унијата ќе пренасочи дополнителни средства од Планот за раст за трите најуспешни земји реформатори во регионот, Македонија, Црна Гора и Албанија. Инаку на самитот во Брисел беше усвоена декларација во која за Македонија се наведени и обврските за Преспанскиот договор и Договорот сдо Бугарија. Самитот помина без учество на Србија.