Редовните прегледи и раното откривање на бубрежните заболувања, е единствениот начин да спречи целосно откажување на бубрезите. 10 проценти од вкупната популација има некаква бубрежна болест а 10 отсто од нив доаѓаат до крајниот стадиум -дијализа. И тука се појавува главниот проблем – недоволниот број на органодарители. Од здружението на бубрежно болни „Нефрон“ велат дека речиси и да не постои листа од сроден донор, а потребни се два месеца за да се направат сите испитувања за да се утврди дали донираниот бубрег ќе одговара.
-Ние апелираме до пациентите да се прават типизациите а до надлежните органи да тие типизации бидат бесплатни. Затоа што во интерес на сите е да се изврши трансплантација затоа што трансплантациата во однос на долгорочната понекогаш и неколку децениска дијализа кошта многу помалку а живототна тие пацинети е далеку далеку подобар–вели Душко Ѓорѓиев- претседател на Здружението ,,Нефрон“.
Новото законско решение ги зголемува шансите да се дојде до орган затоа што се донирањето се проширува до четврто колено.
-Законските акти се во интер ресорско усогласување за да почнат да се применуваат.Меѓутоа еве според новиот закон веќе имаме она проширување што го кажа мр. Душко Ѓорѓиев до четврто колено. Веќе имаме и медицински спремни парови чекаме на одобрување од Етичката комисија при Министерство за здравство и тие парови веќе можат да се трансплантираат, значи веќе се зголемува Фондот на дарители-вели др. Билјана Кузмановска-национален координатор за трансплантација.
Од Здружението апелираат дека е неопходно да се работи на подигнувањето на јавната свест за донирањето органи, како единствен сигурен спас на човечки животи, бидејќи само со трансплантација на бубрег овие пациенти може да се вратат на нормалното секојдневие. Во Македонија има околу 1500 пациенти се на дијализа, од кои 165 чекаат трансплатација .

