Реклама

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Македонија

Македонија прва од Западен Балкан го заврши техничкиот дијалог со ЕК за „Роаминг како дома“

Македонија е првата земја од Западен Балкан што го заврши техничкиот дијалог…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е првата земја од Западен Балкан што го заврши техничкиот дијалог со Европската комисија за приклучување кон европскиот систем „Роаминг како дома“, соопшти денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Говорејќи на конференцијата „Индустријата и животната средина: профитот не е единствената цел“, во организација на Стопанската комора, Андоновски рече дека со последната размена меѓу преговарачките тимови на Македонија и Европската комисија се усогласени сите отворени прашања поврзани со текстот на договорот.

– Со Европската комисија го усогласивме текстот на договорот и како прва земја од регионот ја завршивме техничката фаза. Сега сме чекор поблиску до тоа граѓаните да ја почувствуваат оваа придобивка при секое патување во ЕУ“ – истакна Андоновски.

Реклама

Тој посочи дека воведувањето на системот ќе им овозможи на македонските граѓани при престој во земјите членки на Европската Унија да телефонираат, да испраќаат пораки и да користат мобилен интернет според условите од домашните тарифи, без дополнителни трошоци за роаминг.

На самитот ЕУ – Западен Балкан, кој се одржа на 25 ноември во Брисел, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Македонија прва во регионот го завршила техничкиот дел од процесот. Тој изрази очекување дека македонските граѓани набргу ќе може да ги користат мобилните услуги во земјите членки на ЕУ според домашни тарифи, без дополнителни трошоци за роаминг.