Реклама

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Македонија

Ефективното лидерство се определува од компетентноста, а не од полот

Не постои единствен и идеален стил на лидерство или модел. Ефективното лидерство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не постои единствен и идеален стил на лидерство или модел. Ефективното лидерство се определува од компетентноста, стратегијата, визијата и способноста за реализација, а не од полот или придржувањето кон еден единствен модел на лидерство и е посложено отколку што сугерира кој било учебник по менаџмент, е главната порака од работилницата „Лидерство за резултати: разновидно лидерство и деловен успех“, организирана од Економскиот факултет – Скопје и Обединетите нации.

Настанот, што се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, ги собра бизнис лидерите, академската заедница, студентите и носителите на политики за да разгледаат како различните стилови на лидерство придонесуваат за конкурентност, иновации и долгорочен деловен успех. Работилницата имаше за цел не само да ги зајакне лидерските капацитети во компаниите, туку и да им овозможи на студентите и младите професионалци практични сознанија од реалниот сектор, можности за менторство и појасно разбирање на вештините потребни за успешно лидерство во економија што брзо се менува.

– Следната генерација лидери веќе денес седи во нашите училници, а наша одговорност е да обезбедиме, кога ќе влезат на пазарот на трудот, да бидат оценувани според нивното знаење, вештини и достигнувања, наместо според стереотипи или пречки што го спречуваат талентот да го достигне својот целосен потенцијал – изјави Мијалче Санта, декан на Економскиот факултет – Скопје.

Реклама

Рита Колумбија, постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава нагласи дека предизвикот е препознаениот талент да се претвори во еднакви можности за напредување.

-Иако лидерскиот потенцијал не е одреден од полот, пристапот до лидерски позиции честопати не е еднаков. Жените претставуваат мнозинство од дипломираните студенти во земјата, но заземаат само околу една петтина од раководните позиции. Во исто време, истражувањата поддржани од УНДП покажуваат дека мнозинството компании повеќе не се согласуваат со ставот дека мажите се подобри лидери – рече Колумбија.

Во текот на панел-дискусијата, претставници на некои од водечките компании испратија впечатливо усогласена порака дека не постои идеален стил на лидерство.

Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на Бимилк, истакна дека луѓето следат личности, а не лидерски теории, додавајќи дека еден од најголемите предизвици за секој лидер е да го надмине јазот меѓу тоа како менаџментот ја перципира компанијата и како вработените ја доживуваат.

-Ефективното лидерство мора да се приспособува на зрелоста и потребите на тимот, наместо да следи фиксна формула – нагласи Мустафа Мустафа, генерален директор на Рекрутива-ХР.

Тој ја посочи разновидноста како конкурентска предност, истакнувајќи дека жените на лидерски позиции често носат побрзо донесување одлуки, емпатија и силна ориентираност кон квалитетот.

За Загорка Блажевска, извршна директорка на Вита Нова, успешното лидерство комбинира јасна визија со одговорност за постигнатите резултати, истовремено создавајќи средина во која различните искуства и идеи стануваат двигатели на иновациите. Таа ги нагласи менторството, довербата и еднаквите можности како клучни состојки за развој на следната генерација бизнис лидери.

-Лидерството не треба да се мери само преку непосредните деловни резултати, туку и според силата на тимовите што лидерите ги оставаат зад себе. Во бизнис средина што брзо се менува, организациите напредуваат кога им веруваат на луѓето, ги ценат различните перспективи и создаваат можности талентот да дојде до израз. Кредибилитетот се гради преку резултати и одговорност, а не преку титули – истакна Владимир Трпаноски, комерцијален директор на Витаминка.

Според Елена Младеновска Јеленковиќ, извршна директорка на М6, луѓето не следат титули, туку лидери во кои имаат доверба.

-Во сè понеизвесна деловна средина, предност имаат оние кои можат да ги предвидат промените, да учат побрзо од другите и да им помогнат на своите тимови да се движат низ трансформациите, останувајќи верни на своите вредности – порача таа.