Реклама

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Македонија

Дурмиши: Ако се утврди неоправдано зголемување на трговските маржи, ќе реагираме како и досега

Министерството за економија и труд ќе преземе мерки доколку Државниот пазарен инспекторат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за економија и труд ќе преземе мерки доколку Државниот пазарен инспекторат утврди зголемување на бруто-профитните маржи над дозволеното, најави денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, одговарајќи на новинарско прашање за движењето на цените, особено пред претстојните празници. 

Дурмиши посочи дека доколку Пазарниот инспекторат утврди зголемување на бруто-профитните маржи за над 10 или 15 проценти, Министерството ќе постапува согласно административните процедури и надлежностите што ги има, како што правело и во претходниот период.

Според него, во моментов маржите се стабилни, иако има зголемување на цените. Тој објасни дека тоа делумно се должи на фактот што околу 70 проценти од производите се увезуваат, па домашните трговци ги набавуваат основните производи од странство, каде што се формираат набавните цени.

Реклама

– Ние не можеме да влијаеме врз цените што ги одредуваат други држави. Нашата надлежност е да ги контролираме бруто-профитните маржи низ целиот синџир, од производителот, преку дистрибутерот, до трговецот. Доколку Пазарниот инспекторат утврди дека маржите се зголемени, особено во овој период кога претстојат празници, нормално е дека ќе реагираме, како што реагиравме и во минатото – изјави Дурмиши.

Тој додаде дека засега маржите се стабилни и оцени дека земјава има најниска инфлација во регионот.

По целосна обработка на документацијата од страна на Државниот пазарен инспекторат, донесени се инспекциски мерки, решенија со наредба до финансиските друштва, кои се обврзани да им вратат на

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски посочи дека ДПИ спроведува континуирани месечни инспекциски надзори во сите синџири на маркети и локалните продавници на целата територија на државата, при што, според последните анализи, цените и бруто-профитните маржи се стабилни во споредба со истиот период лани.

Одговарајќи на новинарско прашање колку контроли се спроведени поради растот на цените и дали се изречени казни на конкретни субјекти, Стојкоски појасни дека надзорите се вршат редовно и ги опфаќаат сите поголеми трговски синџири, но и локалните маркети.

– Ние сме слободна економија, но имаме континуирани надзори на месечно ниво. Буквално се опфатени сите синџири на маркети и сите локални маркети на целата територија на државата. Од последната анализа, во чии рамки во сметководствата се согледани бруто-профитните маржи и цените, можам да кажам дека тие се стабилни во споредба со претходната година. Има одреден раст, меѓутоа засега имаме стабилност и на месечно ниво и во споредба со истиот период во 2025 година – рече Стојкоски.

Тој посочи дека постапувањето на инспекциските служби се темели на Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, кои предвидуваат различни мерки за утврдените прекршувања.

Во однос на бројот на изречените мерки по конкретни закони, Стојкоски рече дека може да бидат подготвени и доставени дополнителни податоци, бидејќи Законот за трговија опфаќа повеќе сектори, а не само маркети.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: