Реклама

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Македонија

Конституиран Општинскиот совет за детско престапништво – усвоени Деловникот и Програмата за работа

Во Општина Делчево се одржа конститутивната седница на Општинскиот совет за превенција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Делчево се одржа конститутивната седница на Општинскиот совет за превенција од детско престапништво, со што започнува воспоставувањето координиран и системски пристап во превенцијата на детското престапништво и заштитата на децата и младите.

За претседател на Советот, како што информираа од Општината беше избранa  Емилија Димитровска, педагог во Центарот за социјални работи, а за секретар Анита Цоневска, граѓанска активистка и правник во Организација ЖЕНА.   

-На седницата беа донесени Деловникот за работа и Програмата за работа на Советот, со кои се утврдуваат начинот на функционирање, надлежностите и приоритетните активности на ова тело. Советот ќе има важна улога во поврзувањето и координацијата на институциите и другите релевантни чинители, со цел навремено препознавање на ризиците, преземање превентивни активности и создавање побезбедна средина за секое дете, информираа од Општина Делчево.

Реклама

Активностите ќе бидат насочени кон спречување на врсничкото насилство и насилството во училиштата, превенција од ризични однесувања и зависности, како и зголемување на безбедноста на децата во дигиталниот простор.

Во фокусот ќе бидат и поддршката на семејствата и јакнењето на родителските капацитети, социјалната инклузија и помошта за децата во ризик, како и унапредувањето на институционалната соработка.

Од Општина Делчево порачуваат дека грижата за децата и нивната безбедна иднина е заедничка одговорност на институциите, семејството и целата заедница, а превенцијата треба да започне пред да се појави проблемот.