Реклама

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Прилози

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

ад 2 милиони и 300 илјади евра финансиските друштва ги оштетиле корисниците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ад 2 милиони и 300 илјади евра финансиските друштва ги оштетиле корисниците на брзи кредити, пресметани наплатени скриени трошоци, неправилно водење сметководство, па дури и сметководство надвор од Македонија, се само дел од аномалиите најдени кај 18 од вкупно 27 лиценцирани компании. Државниот пазарен инспекторат и Министерството за економија, врз основа на Законот за правата на потрошувачите наложија, а компаниите за брзи кредити мора да ги вратат парите на 26.000 оштетени граѓани во целост, во спротивно им се заканува клуч на врата. Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека тој дава целосна поддршка на инспекторатот да ја истера работата до крај, бидејќи очекува дека тука нема да завршат казните, туку сигурно ќе се најдат и други пропусти.

„Како резултат на утврдените неправилности, изречени се 18 инспекциски мерки, а казните ќе стигнат и до 100.000 евра. Особено е важно да ги заштитиме граѓаните кои поради својата финансиска состојба се принудени да користат вакви кредити. Нема да толерираме практики кои се на штета на граѓаните“, изјави Дурмиши.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат информира дека во акција спроведена во последните три месеци ја чешлале сметководствената евиденција. Во моментов акцијата не е запрена, туку таа продолжува, а известено е и Министерството за финансии како одговорна институција за доделување лиценци, но и други институции кои треба да направат дополнителни проверки. Акцијата започнала пред шест месеци, а ќе заврши во моментот кога ќе бидат отстранети сите недостатоци.

Реклама

„За наплата спротивно на закон, опомени, одредени паушали за доцнење на наплата на одредени доспеани обврски за за кредити. Така да, тоа е спротивно на закон. Значи, се се работи за период и тоа сакам да еве, сам себе да се дополнам, значи се работи за период 23-та, 24-та, 25-та и 26-та. Не е само за оваа тековна година, да кажеме, за 26-та“, вели директорот на ДПИ Влатко Стојкоски.

Но инспекциските надзори нема да завршат само кај финансиските друштва. Следни на ред ќе бидат банките. Ќе се проверува нивната работа и односот кон клиентите. Инспекторите со максимална посветеност и професионалност ќе застанат на патот на сите оние кои нанесуваат штета, вели директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојкоски.