Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

До крајот на 2026 и во текот на 2027 Македонија ќе има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До крајот на 2026 и во текот на 2027 Македонија ќе има доволно гориво и стабилни цени. Премиерот Христијан Мицкоски, според информации од трговците, потврди дека и покрај глобалната енергетска криза, Македонија има доволно залихи на дизел и бензин за да го преброди овој тежок период. Тој нагласи дека нема потреба да се стравува, иако како што кажа ниту една земја во светот не би можела да издржи повеќе од три месеци без доставување на гориво:

„Во светот ова претставува епски предизвик, нешто за коешто јас зборувам месеци наназад. Ние како држава остануваме на политиката на најниски цени за горивата, тука пред се мислам на дизел горивото и безоловниот 95 и 98 октански. Сега веќе сме речиси од сите соседи за половина евро по литар поевтини, тоа носи свои предизвици, носи свои стравувања се разбира, но истовремено цениме дека стандардот на граѓаните за нас е императив и наша цел е да го заштитиме онолку колку што можеме тоа и го правиме и во таа насока ќе продолжиме да се однесуваме“ , изјави Христијан Мицкоски, претседател на Владата

За дополнителна стабилност на домашниот пазар, во игра е и решение за рестартирање на рафинеријата Окта. За ова премиерот веќе разговарал со оваа компанија. Ова според него би отворило нови можности имајќи предвид дека рафинеријата одамна претставува неискористен економски потенцијал за државата. 

Реклама

„Дадовме задача да се преразгледа можноста да се рестартира производниот процес на рафинеријата Окта имајќи предвид дека продуктоводот е сега во функција, односно рафинеријата е физички поврзана со солунското пристаниште. Така што може да се носи во иднина сурова нафта и во рафинеријата да се преработува и да се користи за дизел гориво. За жал рафинеријата од 2012 не е пуштена во погон, таа е затворена, се прави во моментот дефектажа“

Во изминатиов периодот Владата презеде повеќе мерки за намалување на товарот од светската криза врз џебот на граѓаните и стопанството. ДДВ-то за дизелот беше намалено од 18% на 10%,  а Владата се откажа и од дел од акцизата за горивата. Неделава регулаторната комисија одлучи да не ги менува малопродажните цени на бензините и дизелот. Добра вест е што и на светските берзи во моментот цената на нафтата бележи благ пад. Македонија е единствената земја во поширокиот регион на Европа која и натаму останува со најниски цени на горивата.