Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Јаневска до студентите по медицина: Науката носи прогрес за државата, вмрежувањето со студентите од други држави е можност за стекнување нови знаења и искуства

Министерката за образование и наука Весна Јаневска која денеска присуствуваше на четвртиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска која денеска присуствуваше на четвртиот Интернационален медицински конгрес во организација на Факултетското студентско собрание при Медицинскиот факултет – Скопје упати порака дека до студентите по медицина дека тие се иднината на здравството во земјава и дека државата вложува во науката бидејќи таа носи прогрес. 

null

– Не само како министер за образование и наука, туку и како доктор, денес сум меѓу своите колеги и идните стручњаци на овој конгрес кој е многу значаен затоа што само вмрежувањето со студентите од други држави ќе им овозможи да стекнат и нови знаења и нови искуства, да разменат пракси и така да се унапредуваат. ​Науката во медицината не значи само развој на науката и постигнување во науката, туку значи и добри стручњаци, но, значи и подобрување на целокупниот здравствен систем во Македонија. ​Овие студенти кои утре ќе спасуваат животи, кои ќе работат во тој здравствен систем, се по малку специјални затоа што се љубители на науката – нагласи Јаневска во изјава за медиуми пред почетокот на настанот.

Таа подвлече дека оваа Влада вложува многу во науката.

Реклама

– Идниот закон за високо образование им дава големи можности на тие коишто ќе бидат љубители на науката, а како што јас многупати сум кажала, па и деканот потенцира, науката и луѓето кои ја сакаат науката и ќе се бават во иднина со неа, носат прогрес на државата – потенцираше министерката.

Деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, Светозар Антовиќ во изјава за медиуми рече дека е исклучително горд на сето она што го прават студентите.

null

​Ана Ќупева, претседателка на Факултетското студентско собрание при Медицинскиот факултет во Скопје и претседателка на четвртиот Интернационален конгрес за студентите по медицина во Скопје, им се заблагодари на министерката, деканот и на сите професори кои заедно со тимот го организирале денешниот конгрес.

null

-Драго ми е што сè уште има институции коишто вложуваат во науката, за ние како студенти да имаме подобро утре, да имаме иднина во самата медицина. Без поддршката од нашиот факултет, овој конгрес не би бил можен. Се надевам дека ќе биде пример, за вклученост на студентите, но и за да разбереме дека е наша одговорноста за здравјето и иднината на младите – порача Ќупева.

На новинарско прашање министерката Јанеска изјави дека има недостиг на медицински сестри во медицинските центри, болниците и клиниките, но, вели, проблемот не е во медицинските училишта оти тие се преполни и нема ниту едно слободно место, туку во тоа како да се задржи овој кадар во змејава.

-Сметам дека нема недостиг на ученици, туку ни се случуваат други нешта и што е општо познато – ние образуваме кадар за во странство, а тоа не треба да биде така. Ние се трудиме како Влада – и јас како министер за образование и сигурна сум дека и министерот за здравство го прави тоа, да овозможиме услови со реновирање, со отворање нови методи и сè што е потребно, конкретно во здравството, да ги задржиме нив тука, изјави министерката Весна Јаневска.