Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Директорот на Царина, Николовски на состанок со делегација на хрватската Царина: Во фокусот изготвување уредба за новиот закон за царина

Директорот на Царинска управа Бобан Николовски со својот тим денеска одржа состанок…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Царинска управа Бобан Николовски со својот тим денеска одржа состанок со делегација од хрватската Царина, во чиј фокус беше изготовување на уредбата за спроведување на новиот Закон за царина, за кој, предлог текстот е во финална фаза.

– Царинската управа со експерти од Хрватска активно работи на изготвување на новите царински подзаконски акти за спроведување на новиот Царински закон, чија суштина е подобрување на условите за водење бизнис и побрза интеграција во единствениот пазар на ЕУ, преку создавање целосно дигитално царинско работење и целосна усогласеност со системите што се користат во ЕУ – се наведува во соопштението од Царината. 

Николовски изјавил дека искуството во изготовувањето на царинските подзаконски акти на хрватската Царина, како земја членка на ЕУ, е од огромно значење за нашата држава бидејќи ќе овозможи царината да делува како катализатор на економијата. Изготвувањето на новата Уредба, потсетуваат од Царината, се спроведува во рамки на Твининг проект на ЕУ „Изработка на регулативи за имплементација на UCC на ЕУ во Македонија“ за што преку Европската унија се обезбедени 250 илјади евра.

Реклама

– Нашата визија е јасна: модерна, дигитализирана и ефикасна царинска администрација, која ја олеснува и поддржува легалната трговија, а истовремено обезбедува силна и професионална заштита на границите. Ова е патот кон европска царина – царина што создава услови за економски развој, ја јакне довербата во институциите и е подготвена за идните предизвици – истакнал Николовски.

Од страна на хрватската Царина било истакнато дека продолжувањето на партнерството е одраз на одличните партнерски односи помеѓу државите кои дополнително се зајакнати со Договорот за стратешка соработка на меѓувладино ниво и Меморандумот за соработка меѓу царинските управи потпишан во септември годинава. Искуството на двете управи во спроведување на твининг проекти како механизам за трансфер на знаење и искуство, додаваат од Царината, воедно претставува силна гаранција за ефикасна соработка. 

– Целите на проектот се фокусирани на подобрување на деловните процеси и царинските постапки преку понатамошно усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, како и модернизација и развој на царинските информациски системи на Македонија – истакнал Жељко Фрањиќ, заменик директор на Царинската управа на Република Хрватска.

На состанокот бил ставен акцент и на оперативната соработка помеѓу двете институции која, како што е истакнато, е клучна за сузбивање на транснационалниот криминал и заштита на границите.