Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Простак, измамници, крадци на бугарска историја. Жесток говор на омраза и напади…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Простак, измамници, крадци на бугарска историја. Жесток говор на омраза и напади врз премиерот Мицкоски, власта и граѓаните откако Македонија побара да се испорача бегалката од правдата Ива Михаилова. Потерницата по неа стана ново гориво за остра националистичка реторика и собирање евтини политички поени во Бугарија во предизборен период, врз грбот на Македонија. Овој случај го запали десничарскиот фитил и прерасна во директна медиумска агресија врз Македонија.

Красимир Каракачанов ги нарече македонските власти измамници, а неговата партијата ВМРО-БНД, побара целосно замрзнување на сите разговори за европската интеграција на Македонија.

Со Скопје не треба да се прават договори. Кога од другата страна немаш играч, туку измамник, какви што се властите во Скопје, не треба да склучуваш договори. Секогаш ќе бидеш излажан. Тоа е нивната практика. Ништо од она што го зборува Скопје не ме интересира, бидејќи е очигледно дека откако Мицкоски е на власт, овие луѓе не сакаат да ги решаваат проблемите меѓу двете држави. Тие апсолутно сè саботираат. Договорот е потпишан во 2017  година и не се спроведува. Заедничката историска комисија, која до одреден степен работеше до 2022 година, престана со работа“, вели Красимир Каракачанов, претседател на ВМРО-БНД.

Реклама

Во соопштението  на партијата  на Каракачанов се бара бугарските институции експресно да ги отфрлат македонските барања за екстрадиција и судска соработка, со порака дека нема укинување на ветото под никаков притисок додека Скопје не го запре, како што велат, теророт врз македонските Бугари.

На нападите се приклучи и ултрадесничарската „Преродба“. Пратеникот Коста Стојанов од собраниската говорница во Софија ја обвини Македонија за политичко лицемерие правејќи паралела со бегството на Никола Груевски и барајќи од бугарската влада да и обезбеди целосна правна, дипломатска и конзуларна заштита на Михаилова.

„Никој не бара Ива да биде над законот, но кривичната постапка не смее да се претвори во пречка за неопходното лекување. Правдата треба да ја штити правичноста, а не да создава услови за неповратно нарушување на човековото здравје. Враќајќи се само малку наназад во времето, не можеме да го заобиколиме случајот со поранешниот премиер Никола Груевски. “, вели Коста Стојанов, од „Преродба“

Лидерот на партијата „Има таков народ“, Слави Трифонов, отиде најдалеку, со отворено негирање на македонскиот национален идентитет и пораки за претопување на Македонците. Тој го оспори правото на Македонците на сопствен национален идентитет.

„Навистина ми се повраќа од овие патетични искомплексирани луѓе, кои се крадци на бугарската историја. Како и да се нарекувате себеси – вие сте Бугари. Отсекогаш сте биле и секогаш ќе бидете. А конкретно вие во Северна Македонија, каде што ме слушате или ме читате токму сега, порано или подоцна, ќе клекнете и ќе се претопите“, пишува Слави Трифонов

Ова не е првпат оваа политичка група да ја користи Македонија за сопствени шовинистички цели и политички профит. Красимир Каракачанов уште како министер за одбрана отворено се закануваше дека ќе прати бугарски воен полк со тенкови за отстранување на македонските споменици. Шоуменот Слави Трифонов со години гради кариера врз навреди и тотално негирање на македонската нација и јазик, додека партијата „Преродба“ на Костадин Костадинов редовно инсценира скандали, ја нарекува нашата држава „втора бугарска република“ и отворено повикува на нејзино разнебитување.