Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ОЈО Тетово отвори истрага против 20-годишник за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против 20-годишен жител на тетовското село…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против 20-годишен жител на тетовското село Голема Речица, осомничен за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и производство и дистрибуција на детска порнографија. 

Како што соопшти Обвинителството, во рамки на повеќемесечни предистражни дејствија координирани од јавен обвинител биле обезбедени докази кои упатуваат на основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело „Компјутерска измама“.

Според наводите, во периодот од 2025 до 2026 година тој администрирал нелегална група на комуникациската апликација „Телеграм“, преку која нудел услуги и софтверски алатки за измами поврзани со незаконско враќање парични средства.

Реклама

Осомничениот се товари и за кривично дело „Злоупотреба на лични податоци“, бидејќи, според истрагата, бил администратор на домејни и веб-страници поврзани со платформата „OLVX“, која функционирала како нелегален пазар за продажба на украдени дигитални податоци, софтверски алатки и услуги наменети за извршување кривични дела.

Од Обвинителството наведуваат дека корисници на платформата биле лица инволвирани во сајбер-криминал, кои купувале и продавале лични податоци и пристапни акредитиви за кориснички сметки. Во периодот на нејзиното функционирање биле понудени повеќе од 1.500 украдени пристапни податоци на физички и правни лица.

По наредба на судот, а по барање на јавен обвинител, бил извршен претрес кај осомничениот, при што биле одземени два мобилни телефона. При увид во еден од уредите, во скриен фолдер биле пронајдени 29 видеозаписи со експлицитна содржина, поради што против него е поведена истрага и за кривичното дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Имајќи ја предвид тежината на делата што му се ставаат на товар, како и опасноста од бегство и можноста да продолжи со извршување кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.