Реклама

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Прилози

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија во Бугарија. И точка. Кога…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија во Бугарија. И точка. Кога и како, набрзо ќе се дознае. Премиерот Мицкоски тврди дека нема дилема – апсолутна невистина е дека таа легално, на регуаларен граничен премин ја напуштила државата, па дека уште и салутирале на граница. И порача на Михаилова и нејзиниот татко Симеон, кој е осуден криминалец и е исто така во бегство кај источниот сосед повеќе од деценија, дека кога тогаш ќе одговараат пред македонските органи.

-Апсолутно е невистина тоа што го емитуваа бугарските медиуми, односно го лиферуваа во јавност дека заедно со нејзиниот адвокат поминале на регуларен граничен премин и тие биле исто така поздравени, им се салутирало итн. Тоа претставува лага. Исто така можам да потврдам дека на нелегален начин е пренесена во Бугарија, истражуваме Министерството за внатрешни работи истражува и ќе дојдеме до сознание на кој начин е однесена, изјави Мицкоски.

Според Мицкоски, со тоа што Софија се обидува на овој начин да покаже мускули, сами си прават огромна штета на меѓународен план. Затоа ги повика бугарските власти, кои веќе го одбија барањето за екстрадиција вадејќи се на нивните бугарските пасоши, наместо од таткото и ќерката да прават естрадни ѕвезди и кловни, нека ги вратат веднаш во Македонија за да се соочат со правдата.

Реклама

-Жалам што тие наместо лице правосилно осудено, да го вратат тука, да ја отслужи казната за тоа што е осудено, тие од него прават естрадна ѕвезда и кловн. И жалам што млада девојка која што најголем дел од својот живот и образование го стекнала во својата татковина Македонија, одлучила да биде ова кое што денеска се претставува кај нашиот источен сосед. Но, еве јас ја гледам македонската јавност во очи и ви кажувам кога тогаш, и едниот и другиот ќе се соочат со правдата, изјави Мицкоски.

Одговори и на обвинувањата дека имало таен договор со Бугарија околу Михаилова. Премиерто дециден – нека ги вратат, па веднаш ќе видиме дали е тоа вистина. Од друга страна, според Мицкоски постојат сериозни сомнежи дека зад бегството на Михаилова стои договор меѓу македонската опозиција и бугарските власти. Цената е создавање политичка тема, за рушење на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, и на тој начин обезбедување одреден бенефит за опозицијата. Според премиерот доказ за тоа се и апсолутно идентичните ставови кои што ги имаат опозиционерите со бугарските власти.

Матеја Петровски