Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Новата Програма за рано учење и развој ќе се тестира во 11 детски градинки

Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Бирото за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Бирото за развој на образованието, УНИЦЕФ и експертски тимови, започнува со пилотирање на новата Програма за рано учење и развој, со цел унапредување на квалитетот на предучилишното воспитание и образование во државата.

На денешниот настан посветен на почетокот на пилотирањето, министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски истакна дека овој процес претставува важен чекор кон создавање поквалитетна воспитно-образовна средина, во чиј центар се детето, неговите потреби, интереси, можности и индивидуален развој.

– Во фокусот на новата програма е детето, неговите потреби, интереси, можности и индивидуален развој. Таа е насочена кон создавање услови детето да учи преку игра, да истражува, да стекнува нови искуства, да ја унапредува комуникацијата и активно да учествува – рече министерот Велковски.

Реклама

Пилотирањето ќе се спроведува во 11 детски градинки низ државата, избрани со цел да се опфатат различни регионални, јазични и социо-културни контексти. На овој начин ќе се овозможи проверка на јасноста, применливоста и соодветноста на Програмата во различни услови и средини во кои функционираат детските градинки.

Во своето обраќање, министерот Велковски ја нагласи важноста од активното учество на директорите, воспитувачите, стручните соработници и сите професионалци вклучени во процесот. Од нив се очекува да придонесат со своето знаење и искуство, да ги следат тековните состојби, да ги идентификуваат предизвиците и да споделуваат повратни информации што ќе помогнат во понатамошното унапредување на Програмата.

– Покрај позитивните искуства, сакаме да дознаеме и со кои потешкотии сте се соочиле, за што е потребно дополнително појаснување и кои делови од Програмата ќе треба да се дополнат или изменат. Само преку отворен и професионален дијалог можеме да дојдеме до решенија кои ќе бидат применливи и одржливи во секојдневната работа на градинките – нагласи министерот.

Од Министерството информираат дека во соработка со Бирото за развој на образованието, УНИЦЕФ и експертските тимови ќе го следат спроведувањето на процесот, ќе обезбедуваат стручна поддршка и ќе ги анализираат искуствата на учесниците.

Пилотирањето, како што посочи министерот, не претставува инспекциски надзор, ниту оценување на работата на воспитувачите или детските градинки, туку можност за заедничко учење, проверка и унапредување на Програмата пред нејзината примена на национално ниво.

– Наша заедничка одговорност е новата Програма да не биде само на хартија, туку да биде јасна, флексибилна и применлива рамка за квалитетна воспитно-образовна работа – истакна Велковски, изразувајќи уверување дека знаењето, професионалноста, искуството и посветеноста на сите вклучени ќе придонесат за успешно спроведување на пилотирањето.