Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Прилози

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

„Ние сме дел од Европа и бесмислени се сите одложувања“ , порача…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ние сме дел од Европа и бесмислени се сите одложувања“ , порача првиот човек на МАНУ кој ги поддржа надворешните политики на Владата за патот кон интегрирањето во Европската Унија. Ратификувањето на договорот за коридорот 8 како и тунелот на границата помеѓу Mакедонија и Бугарија ги оцени како позитивен сигнал, а од европските партнери очекува помош и активно вклучување во надминувањето на спорот со нашиот источен сосед.

„Очекуваме нашите европски партнери сериозно да го разгледаат барањето за поактивно вклучување во надминувањето на спорот со источниот сосед и да помогнат во изнаоѓањето решение што ќе го одблокира пристапниот процес. Исто така, очекуваме поддршка и од нашиот стратегиски партнер САД, во рамките на нивното дипломатско ангажирање и интерес за стабилноста во регионот.“– вели претседателот на МАНУ, Живко Попов.

Европската иднина не се гради само со дипломатија, политика и инфраструктура туку и со знаење, квалитетно образование и инвестирање во науката. Претседателот на МАНУ ги поздравува напорите за подобрувањето на условите во високото образование, но предлага и реформи.

Реклама

„Недвосмислен е заклучокот дека се потребни коренити реформи во сферата на научноистражувачка дејност и високо образование, а подигањето на нивниот квалитет мора да биде сфатено како неминовност која ќе обезбеди хуман и одржлив развој на македонското општество на патот на неговата интеграција на Европската Унија, при што МАНУ мора да биде предводник на овие есенцијално важни општествени промени. Тие мора да имаат системски карактер и да се третираат како стратегиски приоритети на државата, кои во иднина, меѓу другото, би вклучиле и формирање на посебно министерство за високо образование и наука.“– вели Попов.

Инаку МАНУ го одбележа својот празник, а претседателот на академијата ги претстави сите достигнувања но и предизвици за работата на сегашното раководство во сите области, како образованието, судството и здравството. Академијата е основана во 1967 година а нејзин прв претседател беше Блаже Конески. Во негова чест беше доделена и истоимената награда на Соња Должан.