Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонската економија до крајот на годинава ќе расте побрзо од Светската. Најновиот…

Сподели:

Македонската економија до крајот на годинава ќе расте побрзо од Светската. Најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд го нотира потенцијалот на македонската економија. Наместо првичните 3,1%, монетарците сметаат дека до крајот на годинава, македонската економија ќе забрза и ќе донесе раст од 3,5%, што е значително повеќе од просекот за светската економија кој е позициониран на 3,1%. Позитивна ревизија на прогнозата за македонската економија претходно направи и Светската банка, која ги зголеми очекувањата за растот во 2026 година од 2,9 на 3,2 проценти.

Вложувањата во инфраструктурата, кратењето на непродуктивните трошоци и внимателното користење на јавните пари донесоа резултат кој го препознаа меѓународните финансиски институции. Политките за заштита на стандардиот на граѓаните и несмалениот интензитет во вложување на изградба на коридорите придонесоа за позитивната корекција во последниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд.

Со најновата прогноза, државава го дели првото место со Албанија и Косово, на кои исто така им се предвидува раст од 3,5%, додека пак под нас се Србија,  со очекуван раст од 3,2 отсто, Црна Гора 3 проценти, Бугарија 2,6, Босна и Херцеговина 2,3, Хрватска 2,2 и Грција 1,8 проценти.

Реклама

Дека македонската економија испорачува повеќе во споредба со регионот, но и пошироко во Европа, во повеќе наврати нагласи и премеиерот Христијан Мицкоски. Ова според него е резултат на целосната посветеност на Владата за реализација на планот домашната економија не само да раасте, туку тоа да биде со одржливо и забрзано темпо. Потврда на тоа се и бројките но и проекциите во буџетот, кој и по вториот ребаланс останува со приоритетите, да се штеди каде има простор, за сметка на забрзана реализација на крупните инфраструктурни проекти. Па така буџетот има идентична проекција со онаа на ММФ за раст на економијата од 3,5%, со стабилен дефицит и потенцијал инфлацијата да продолжи да се намаклува.