Европската Унија ја препозна Македонија како важен партнер во енергетската стабилност и безбедност. Експертите го поздравуваат фактот дека државава уште наредната година може да стане дел од заедничкиот пазар, што отвора сериозни потенцијали и можни приходи од дури 760 милиони евра гиодишно. Во период на пртедизвици на глобален план, ова според експертите е значаен сигнал за државата која впериодов вложува многу во исполнување на обврските но и зајакнување на капацитетите.
„Ние имаме голем потенцијал и со овие планови и централи за кои се добиени дозволи и се во изградба значително ќе се зголеми капацитетот на производство, а со излегување на европскиот пазар ќе има значителни финански бенифити“, изјави Тони Србиновски.
Отворањето на европскиот пазар носи бенефит, но и дополнителни обврски за државата. За таа цел веќе забрзано се усогласуваат законите, се инвестира во капацитети, но и се подготвуваат планови за изградба на нови. Сите овие најави и реализација на проектите ќе бидат одлична можност за раст на домашната економија која на овој начин би се позиционирала не само како регионален производител на струја од обновливи извори, туку и доверлив партнер на Европската Унија.
„ Во наредната година треба да имаме значително зголемување во производството од обновливи извори, значително зголемување на капацитетите, така да ќе има голем потенцијал, за поврзувањето на пазарите. Со подобрувањето на мрежата ќе може и оваа енергија да се пласира во ЕУ.
Според стратегијата за приклучување на европскиот енергетски пазар, предвиден е процес кој ќе се одвива во три фази. Усогласување на законодавството на договорните страни со правилата на ЕУ, проверка на усогласеноста од страна на Секретаријатот и Европската комисија, а потоа 18-месечна фаза за договорна и оперативна подготвеност за спојување на пазарите.

