Најавениот снег за викендот оваа година нема да ги изненанди надлежните власти. И Македонија пат и градот Скопје се подготвени со потребната механизација и доволно количини на сол. Од Македонија пат упатуваат апел до возачите да бидат внимателни осебно на планинските превои Стража, Буково и Ѓавато но и да имаат трпение додека механизацијата излезе на терен.
-Она што ние го имамае како Македонија пат на располагање се 38 зимски пунктови кои што функционираат. Сета онаа механизација која што ние ја имаме на располагање. Сите вработени кои што се повеќе од 600 вработени ги имаме веќе на располагање обезбедени с доволно количини на сол, ризла. Учесниците во сообрајќајот да бидат трпеливи и да се почитува поставената сообрајќајна сигнализација–вели заменик директорот на Македонија пат Александар Шуковски
Од градот Скопје пак велат дека Зимската служба е подготвена со 20 возила и екипи на дејствување. Додаваат дека се во постојана координација со Управата за хидро метеоролошки работи и ќе делуваат уште пред да падне првиот снег.
-Веќе се спремни екипите, дежурни се постојано од 15 во месецов се дежурни. Имаме 20 камиони кои што се на располагање. Дополнително значи имаме и за оние потесни улици, споредни улици каде што ќе треба да интервенираме наредниот период. Имаме доволно количини на сол за онаму каде што се критичните точки каде што подмрзнува обично во зимскиот период–вели градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски.
Според прогнозата на УХМР и во текот на денешниот ден се очекуваат врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 20 литри на квадратен метар за 24 часа. За викендот предупредуваат на пообилни врнежи на дожд и снег на планините кој постепено во недела ќе се спушти и на пониските места.

