Надлежните го расчистија убиството кај Смилковци. 38-годишен скопјанец заврши зад решетки откако при распитот во полиција признал дека го застрелал 38-годишникот од селото Љубин. Жртвата беше пронајдена со прострелна повреда во пределот на ногата на 21 ноември на скопската обиколница. Тој бил пронајден непосредно до неговиот автомобил. Полицијата засега не соопштува повеќе детали, освен дека е поднесена кривична пријава за осомничениот убиец.