Реклама

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Прилози

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Уставните измени тешко дека ќе бидат единствениот услов на патот на Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставните измени тешко дека ќе бидат единствениот услов на патот на Македонија кон ЕУ. Евросамбасадорот Михалис Рокас вели дека е јасно што треба македонија да направи за отворање на опрвиот и главен преговарачки кластер, но не може да гарантира дека нема да има и други блокади. Покрај уставните измени, има уште три документи кои треба да се завршат за преговарање со Унијата. Патоказот за јавната администрација е речиси готов, се работи на владеењето на правото, а треба да се разговара со источниот сосед за акцискиот план за малцинствата, кој Бугарија досега го блокира:  

-За да се направи вториот чекор, а тоа важи за сите земји кандидатки, треба да се завршат два патоказа. Едниот е за реформата на јавната администрација, а другиот за владеењето на правото. Со него е поврзан и Акцискиот план за малцинствата. Значи, неопходно е овие три документи да бидат завршени пред да се отвори кластерот „Темели“. Работата на сите три е во напредна фаза, а се водат и консултации, изјави Рокас.

Реклама

Рокас кажа дека меѓу Македонија и Бугарија се водат консултации и тие треба да продолжат. Сепак тој вели дека во пристапните преговори некоја земја членка може да нè изненади со нешто што не сме го предвиделе.  

-Знаеме дека во пристапните преговори некоја земја членка може да нè изненади со нешто што не сме го предвиделе. Веќе гледаме што се случува меѓу Хрватска и Црна Гора. Прашањата за кои разговараат се познати во јавноста, изјави Рокас.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно порача дека токму Акцискиот план за малцинства е првата пречка која треба да се надмине. Според него и да го промениме Уставот, што немало да се случи под актуелните околности, повторно пред нас ќе биде таа пречка. Нагласи дека Владата веќе доставила предлог и дека е суштински важно најпрво за тоа да се постигне договор, бидејќи според него 26 земји членки на ЕУ немаат против, само Бугарија има.

Матеја Петровски