Реклама

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Македонија

РКЕ: Парното од 1 декември поскапо за 7,56 отсто

– Поради зголемената цена на природниот гас, што е резултат на геополитичките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Поради зголемената цена на природниот гас, што е резултат на геополитичките случувања, донесена е одлука со која од 1 декември цената на топлинската енергија се зголемува во просек за 7,56 отсто за домаќинствата што се снабдуваат од „ЕСМ снабдување“, „ЕСМ дистрибуција“, „ЕСМ производство на топлина“ и „ЕСМ енергетика“ – информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

-З а корисниците што се приклучени на мрежата на поранешната топлана „Скопје Север“, сегашна „Енерџи еколинк“, зголемувањето е за 5,84 отсто – прецизираат од РКЕ.

Нагласуваат дека со оваа одлука просечната сметка ќе се зголеми за 188 денари и ќе изнесува 2.681 денар.

Реклама

– Одлуката следува откако сите компании што ги снабдуваат потрошувачите со топлинска енергија во градот Скопје доставија вонредни барања за промена на регулираниот максимален приход и ревидирање на цената на топлинска енергија, што беше донесена во јули, а е во сила од 1 август 2026 година – велат од РКЕ.

Во градот Скопје речиси 70.000 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија.