-Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) –Штип информира дека од денеска студентите можат да го користат е-индексот.
-Од денеска е овозможен пристап до вашите кориснички сметки за електронска пошта и до сите други Office 365 услуги во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“. Од безбедносни причини, при првата најава ќе биде потребно да ја промените вашата лозинка (доколку ја знаете постојната). Во спротивно, потребно е да ја ресетирате-соопштуваат од УГД-Штип.
Инаку, пред четири дена од УГД-Штип информираа дека биле цел на сајбер-напад насочен кон дигитална инфраструктура. Посочија дека веднаш по детектирањето на неовластената активност, техничките тимови на универзитетот постапиле согласно со актуелните безбедносни протоколи и превентивно ги изолириле засегнатите системи, со цел да се спречи понатамошно ширење на инцидентот. Сочувани се сите податоци во електронскиот систем, по што деновиве се враќа во функција.

