Реклама

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Прилози

Млади иновации за подобри општини

Апликација за странци каде што можат да се информираат за секој споменик,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апликација за странци каде што можат да се информираат за секој споменик, кино на отворено, центар за дигитална писменост, платформа за општински проблеми. Ова беа дел од идеите презентирани на Националниот форум за локални активни платформи за социјални иновации  на кој учествуваа млади од 8 општини во Македонија .За најдобра идеја признане добија млади охриѓани кои ја смислиле платформата  „Нов Охрид“ преку која граѓаните ќе можат да пријават оштетена улица, тротоа, оштетно улично осветлување, дива депонија.  Иницијатива е поддржана  од француската амбасада како и Министерството за дигитална трансформација.

„Кога нешто не функционира во вашата општина вие најчесто го забележувате пред да стигне како информација до институциите. Го гледате во училиштето, улицата, во јавниот простор или во просторот каде што сакате да спортувате или да се дружите. Прашањето е кога имате идеја како тоа да се подобри? Или има ли кој да ве слушне? И што се случува потоа? За мене тука е и вредноста на овој проект“, изјави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација

„Замислете ако овие идеи ги прифатиме и се решат различни проблеми колку може да биде добро тоа“, изјави Билјана Јанева, директор на „Институт Охрид“

Реклама

„Ја кревам просечната старост во собава“, рече Кристоф Ле Риголер, францускиот амбасадор.

Националниот ЛАПСИ форум 2026 се одржува првпат оваа година и е во организација на Институт Охрид а на него учествуваат 270 млади од цела Македонија. Оттаму истакнуваат дека идеите имаат потенцијал да прераснат во нешто поголемо како систем или програма за цела држава. Припремата за проектот трае скоро цела година, а во тој период младите учествуваа во разни работилници и работа на идентификување на проблемите во своите заедници и предлагање конкретни решенија.