Два патнички авиона „Боинг 737“ на американската авиокомпанија „Американ ерлајнс“ се судриле пред полетување на меѓународниот аеродром „Роналд Реган“ во близина на Вашингтон.
Во инцидентот нема повредени, но на едниот авион му се откачил дел од крилото. Откако вработените на аеродромот го отстраниле откачениот дел од крилото, двата авиона се вратиле на терминалот, каде што биле прегледани од противпожарните и спасувачките служби.
„Американ ерлајнс“ ги повлекол двата авиона од сообраќај за да се изврши технички преглед.

