Реклама

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Македонија

Сиљановска-Давкова: Насилството сите не боли, навредливо е и незамисливо

Заборавете на гневот, заборавете на лошите зборови, напротив уживајте во играта, почитувајте…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заборавете на гневот, заборавете на лошите зборови, напротив уживајте во играта, почитувајте го противникот. Насилството сите не боли. Навредливо е. Незамисливо е, меѓутоа тоа е сложен феномен, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на панелот на тема „Гласот на младите: еднакви можности и иднина без насилство“ што денеска се одржа во Битола.

Пред членовите на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, воедно организатор и домаќин на панел дискусијата, претседателката Сиљановска-Давкоа порача дека едукацијата за борба против насилството треба да почне уште од основно образование.

-Ако легитимирате употреба на сила, а некои под наводници јунаци, добијат важен општествен статус, и ако некој се восхитува од лошите зборови или од примената на сила, што е сосема погрешно, тогаш пораката е лоша. Затоа ние мораме уште во основно училиште, а можеби и во детските градинки да почнеме да ги учиме децата за ненасилство, да ги учиме за тоа дека зборот боли. Секогаш кога ќе се соочите со насилство и кога ќе го прашате оној што е жртва на насилство ќе ви каже дека на тоа му претходело насилство со зборови. Не смееме тоа да го толерираме и затоа треба уште во основно образование, и во гимназија треба да знаеме дека многу тешки работи можат да се кажат со зборови – нагласи претседателката Сиљановска-Давкова.

Реклама

На интерактивниот панел во битолскиот Офицерски дом што се одржа во рамки на проектот „Спорт без насилство – Младински форум за фер плеј“, учествуваше и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, кој ги издвои инвестициите во локалната самоуправа за развој на спортот.

-Спортот ги поврзува луѓето, спортот ги зближува сите без разлика на вера и нација или економски статус. Спортот поврзува на терен и трибина. Затоа ние како локална самоуправа и со поддршка на Владата преку Министерството за спорт ги обновивме сите училишни и спортски терени во градот, а изградивме и спортски сали за младите да спортуваат и рекреираат – истакна Коњановски.

На денешната панел дискусија во Битола беше презентиран и документарен филм на кој беше нагласена социјалната инклузија на младите со помалку можности, активното учество на младите во процесите на донесување одлуки и други погледи во прилог на глобалната кампања „16 дена активизам против насилството врз жените и девојчињата“.