Реклама

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Економија

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска  во Истанбул ја прими престижната меѓународна награда…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска  во Истанбул ја прими престижната меѓународна награда „Liability Management Deal of the Year“ за 2026 година, за успешното управување со јавниот долг преку издавањето на десеттата еврообврзница и предвремениот откуп на дел од постојната еврообврзница, со што е остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра.

Како што соопшти Министерството за финансии, наградата беше врачена во рамки на регионалниот настан „Global Banking & Markets: CEE, Central Asia & Türkiye 2026“ и претставува меѓународно признание за квалитетот на трансакцијата, поволните услови на финансирање и стратешкиот пристап на Министерството за финансии во управувањето со должничкото портфолио.

Министерството за финансии во јануари 2026 година успешно го реализираше издавањето на десеттата еврообврзница. Во процесот учествуваа над 150 глобални инвеститори, меѓу кои водечки пензиски фондови, реномирани осигурителни компании и други институционални инвеститори од САД, Велика Британија, Германија и други земји од Европската Унија.

Реклама

– Ова признание е потврда за одговорниот и стратешки пристап во управувањето со јавниот долг. Во услови на зголемена глобална макроекономска и геополитичка неизвесност, обезбедивме исклучително поволни каматни стапки, порамномерно распоредување на доспевањата и намалување на ризиците од рефинансирање. Особено е важно што преку внимателно структурирање на трансакцијата обезбедивме конкретна буџетска заштеда од 3,2 милиони евра. Силниот интерес на меѓународните инвеститори е дополнителна потврда за довербата во економските политики што ги спроведуваме – истакна министерката Димитриеска-Кочоска.

Наградите Global Banking & Markets се востановени во 2014 година и се доделуваат врз основа на оценка на големината, структурата, роковите, условите на финансирање и квалитетот на реализацијата на финансиските трансакции на меѓународните пазари на капитал.