Реклама

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Економија

Саем за вработување во Прилеп: „Бехтел и Енка“ бара околу 1.200 работници за автопатот Прилеп-Битола и за Коридорот 8, платите се солидни

Во Прилеп од денеска е отворен саем за вработување на окоу 1.200…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Прилеп од денеска е отворен саем за вработување на окоу 1.200 работници во „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатот Прилеп-Битола за коридорот 10, но и за автопатот од коридорот 8. Се бараат градежни инженери, геодети, оператори на градежни машини, квалификувана и неквалификувана работна рака, нагласи менаџерот во „Бехтел и Енка“, Еш Рао. 

-Денешниот ден е посветен на можностите, можноста за жителите на Прилеп и на поширокиот Пелагониски Регион, но и можност за нашиот проект да привлече талентирани и посветени луѓе. Со напредувањето на изградбата на автопатот Прилеп-Битола растат и нашите потреби од работна сила. За оние кои ќе ни се придружат ова е и можност да работат со искусни домашни и меѓународни  професионалци и да добијат практична обука на работното место која ќе ја имаат и по изградбата на автопатите – рече Рао.

Досега во „Бехтел и Енка“ се вработени 1.800 лица, а за новите работни места се очекува голем интерес. Вработувањата се и за економски раст на Регионот и стекнување искуства на младите. 

Реклама

-Со забрзување на динамиката на изградба на автопатот Прилеп-Битола, се отвораат некаде околу 1.200 нови работни места, можност за вработување на околу 1.200 луѓе, што за целиот Пелагониски Регион претставува огромна можност. Огромна можност за многу луѓе да најдат работно место, но исто така и да стекнат искуства и знаења коишто е ретка прилика да се стекнат, затоа што не се гради секој ден автопат. Ќе ги прочитам и точно професиите: за градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи, квалификувани и неквалификувани градежни работници. Двете компании, Бектел и Енка се на врвот кога ќе го видите просекот на исплатена месечна нето плата. Имено, просек за 2025 година е 137.000 денари, а тие немаат плата под 60.000 денари. Што значи, зборуваме за исклучително добро платени работни места и затоа би сакал да ги мотивирам сите жители на Прилеп, но и на останатите општини, на Могила, на Новаци, на Росоман, на Кривогаштани, на Крушево, на Демир Хисар, на Ресен, на Битола, да аплицираат и да си го најдат своето работно место овдека, имајќи предвид дека во наредните три години ќе има доста интензивни активности – изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој присуствуваше на Саемот за вработување во Прилеп.  

Директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајновски истакна дека е завршена околу 82 проценти од експропријацијата, првите 12 километри од автопатот Прилеп-Битола треба да бидат готови догодина, а проектот да биде готов во 2029 година.

-Во 2027 година треба да бидат завршени околу 12 километри од автопатот „Прилеп-Битола“. Во 2028 година околу 16 километри треба да бидат завршени. Значи, околу 30 проценти од автопатот да бидат готови во 2027, околу 40 проценти во 2028 година и во 2029 година ќе останат околу 30 проценти од автопатот да се доизградат, односно околу 13 километри. Тоа е динамиката за изградбата на автопатот „Прилеп-Битола“ од околу 40 километри – изјави Трајаноски.

Саемот за вработување за интензивирањето на изградбата на автопатите ќе трае неколку дена.