Обилните снежни врнежи предизвикаа проблеми во делови од Германија, а во Јужна Баварија се регистрирани неколку стотици сообраќајни несреќи на заледените патишта.
Превртени камиони го затворија автопатот кон Австрија. Полицијата во Горна Баварија регистрираше повеќе од 400 сообраќајни несреќи, а во Долна Баварија, противпожарните служби интервенираа во околу 80 случаи на заглавени возила.
Многу од несреќите се предизвикани од несоодветна опрема на возилата. Имено, возачите на автомобили, камиони и автобуси не ги замениле летните гуми со зимски.

