Апликација за реновирање, биометриска алатка која ја препознава раката, платформа за барање работа со скратено работно време за средношколци.
Ученици од приватни и државни средни училишта низ цела Македонија се обединија во натпреварот „Средношколец милионер“, каде ги претставија своите бизнис идеи. Своите изуми ќе ги претстават пред бизнисмени и претприемачи, а најкреативните ќе имаат можност идејата да ја претворат во реалност.
Според министерката за образование и наука, Весна Јаневска, големиот интерес покажува дека образовниот систем ги поттикнува младите да размислуваат иновативно. Победничкиот тим на минатогодишниот натпревар веќе ја претворил својата идеја во функционален бизнис и остварува приходи, иако неговите креатори сè уште се средношколци.

