Реклама

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Прилози

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Изградбата на 6 автопати истовремено ќе ја направи Македонија крстосница на Балканот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на 6 автопати истовремено ќе ја направи Македонија крстосница на Балканот во делот на патната инфраструктура. Во емисијата „Колегиум“ на Алфа, Вицепремиерот Александар Николоски зборуваше за тоа како интензивните вложувања во модернизација на постојните, но и на нови патишта, не само што ќе го зголеми развојот на стопанството,туку и ќе ја подобри геостратешката позиција на државата, во регионот кадешто се сечат интересите на најголемите светски економии. Тој потенцираше дека, меѓу другото, овие проекти се клучни и за поголема политичка стабилност на земјата.

„Од една страна да создадеме трајна економска вредност за генерациите што доаѓаат после нас, но уште поважно да создадеме политичка стабилност, затоа што ако правилно ја искористиме географската положба на Македонија, иднината на Македонија како самостојна и суверена држава е загарантирана од интереси кои далеку ги надминуваат границите на Македонија. Ние создаваме услови за долготрајна политичка стабилност на Македонија, како никој не би ја проблематизирал самостојноста и сувереноста на Македонија, иако многумина би сакале. Гледаме што се случува со блокадата којашто ја имаме за ЕУ од Бугарија“ – вели Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.

Интензивната изградба на дури 6 автопатишта истовремено повторно го направи градежништвото мотор на македонската економија. Веќе 6 квартали по ред, овој сектор има двоцифрен пораст, а во последниот, растот на градежништвото изнесуваше 22%. Добрите резултати во овој сектор придонесоа и за поголем вкупен економски раст. Македонската економија ќе расте со 3,5% годинава, што е иста проекција како онаа на Меѓународниот монетарен фонд кој ја ревидираше нагоре од претходните 3,1%. Вицепремиерот Николоски не исклучува дека економијата годинава има потенцијал и за повеќе и нагласи дека позитивната ревизија на ММФ е значаен показател за економските движења во земјава. Ова е втора релевантна меѓународна институција по Светска Банка која има пооптимистички очекувања за перформансите на Македонија од претходно.

Реклама

„Јас мислам дека имаме шанси и над 3,5% да одиме во услови на најголема енергетска криза која светот било кога ја гледа и во услови кога најголем дел од државите се на нула или се во рецесија. Голем дел од овој раст е растот на градежништвото. Шест квартали со ред имаме двоцифрен раст на градежништвото. Во вториот квартал годинава растот на градежништвото е речиси 22%“ – вели Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.

И премиерот Мицкоски во неколку наврати зборуваше дека Владата интензивно вложува не само во изградба на патишта, туку  и на пруги, гасоводи, далноводи, за Македонија подобро да ја искористи и подобри геостратешката позиција на Балканот и во Европа. За таа цел, се гради железницата кон Бугарија, гасните интерконектори кон Грција и Србија, 400 киловолтниот далновод кон Албанија, а ќе с ереализира и брзата пруга од Табановце до Гевгелија. Плановите се Македонија да стане важна крстосница што се темели на 4 столба: патната, железничката, гасната и енергетската инфраструктура.