Ако некогаш Ива Михаилова стапне на македонска територија веднаш може да заврши зад решетки. Јавното обвинителство во Кочани предложи притвор за бегалката, која од вчера слободно се шета во Бугарија. Но тоа не ја решава мистеријата како успеа да избега од Македонија.
Во гепек, низ прсти и проголедал некој граничар, потплатиле некого, користела лажен идентитет, бегала партизански преку ридови или како во филмовите со Џејм Бонд – дали бугарски шпиони учествувале во целата операција. Ова се сите можни сценарија за скандалозното бегство на Михаилова. Една работа е сигурна – со оглед на фактот дека нејзиното преминување не е евидентирано ниту од македонските, ниту од бугарските гранични системи факт е дека таа илегално ја минала границата.
Дел од медиумите се повикуваат на свои извори и објавуваат дека е можно Михаилова да јапреминала македонската граница скриена во гепек. Како поткрепа ја користат информацијата дека нејзиниот бугарски адвокат Николај Димитров легално ја поминал границата со уште еден непознат маж истиот ден кога таа изчезна од Македонија. Другата верзија е дека таа поседувала пасош со лажен идентитет па така лесно ја поминала границата.
Со оглед на тоа што таа има забрана за напуштање на границата и е во евинденција на системот „Стоп“, и со сигурност не е евидентиран нејзиниот излез, можно е некој од македонските граничари да и прогледал низ прсти, дали од иделошки или од материјлани побуди, односно мито.
Но, исто така Михаилова можно е да избегала и преку илегални премини на бугарската граница. Едно е сигурно дека помош имала од нејзиниот адвокат, но останува отворено прашањето кој се друг учествувал во сценариото и реализацијата на бегството.
Едно од сценаријата е дека во организацијата и спроведувањето на бегањето учествувале бугарските тајни служби. Засега од сите овие сценарија, не е ништо официјално потврдено.
Станд ап: Паула Костадиноска Костиќ
Евентуална истрага треба да утврди на кој начин Михаилова избега за не се соочи со можната 15 годишна затворска казна поради сообраќајката во која загина 33 годишен млад човек од село Љубанци.

