Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Прилози

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

На 11-ти Октомври македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата. Вицепремиерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 11-ти Октомври македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во своето обраќање од градот херој Прилеп рече дека на овој ден македонскиот народ се крена против најголемото зло што ја разградуваше Европа и целиот свет – фашизмот. Тој ја предводеше владината делегација во Прилеп, од каде упати честитки до граѓаните на Македонија, истакнувајќи го историското значење на 11 Октомври и жртвата на Прилепчани и македонскиот народ во борбата за слобода.

„Кога се крена против најголемото зло што тогаш ја разградуваше Европа и целиот свет – фашизмот. Со својата жртва и со својот пример, покажа дека заслужува држава, заслужува слобода и дека е на страната на оние што ќе бидат победници во Втората светска војна. Таа жртва длабоко е вкоренета во создавањето на македонската држава, без таа жртва немаше да постои самостојна и независна Македонија, и без таа жртва денеска немаше да ги уживаме плодовите на слободата“ – рече Александар Николоски, Вицепремиер и министер за транспорт.

Вицепремиерот Николоски нагласи дека и денеска Македонија е под силни напади од одредени структури кои не и мислат добро на државата. Тој нагласи дека македонската држава има јасен политичко-правен и историски континуитет, кој треба да се зачува. Вицепремиерот смета дека сите ние треба да одолееме на предизвиците коишто се случуваат, и на сите негирања и искривувања на историјата коишто некој сака да ги направи.

Реклама

„И денеска многумина не и’ мислат добро на Македонија, и денеска се повампируваат одредени идеи, кои не значат самостојност и самобитност на македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската нација, култура и македонската држава. Ние многу добро знаеме кој сме и што сме. Знаеме зошто беше востанието – востанието беше против фашистичката окупација. Востанието беше против тиранијата и македонскиот народ се стави на страната на победниците во Втората Светска Војна“ – вели Вицепремиерот Николоски.

Вицепремиерот Николоски нагласи дека и денеска интензивно се вложува во инфраструктурен развој токму на Прилеп. Во тек се обемни проекти за изградба на патишта, мостови и автопатски решенија за поврзување со другите градови. Исто така ќе стартува карго железнички превоз, а тој очекува наскоро да се воведе и редовен градски воз меѓу Прилеп и Битола.

По повод 11 Октомври- Денот на народното востание, денеска во Прилеп, Вицепремиерот Александар Николоски положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу и на Могилата на непобедените, притоа оддавајќи им почит на сите кои се бореле против фашизмот и придонеле во создавањето на македонската држава. Прилеп го одбележува  11-ти октомври 1941 година, кога во овој град партизаните ги почнале првите напади  врз полициската станица и други објекти на бугарската окупаторска власт. Овие настани, како и акциите следниот ден во Куманово, се сметаат за почеток на организираното вооружено антифашистичко движење во Македонија за време на Втората светска војна.