Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

И по највисоките признанија остануваат нови предизвици, вели Андоновски во име на добитниците на наградата „11 Октомври“

По повод празникот 11 Октомври – Ден на народното востание, денеска во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод празникот 11 Октомври – Ден на народното востание, денеска во Кристалната сала на Собранието, беше врачена истоимената државна награда.

Одборот за доделување на државната награда, за животно дело во областа на науката, наградата им беше доделена на лингвистот проф. д-р Димитар Пандев, универзитетскиот професор Ѓулумсер Касапи и на проф. д-р Владо Поповски – доктор по историско-политички и правни науки.  Во областа на културата и уметноста, наградата му беше доделена на писателот и универзитетски професор Венко Андоновски.

Претседателот на Одборот за државната награда „11 Октомври“,  проф. д-р Светозар Антовиќ потенцира дека животните патишта, научните и творечките интереси на денешните добитници на наградата се различни, но, како што рече, постои една вредност која ги поврзува – тоа е вербата дека знаењето, културата и образованието можат да го напредуваат општеството напред.

Реклама

-Почитувани добитници, со вашите дела вие докажувате дека македонскиот бит е жив, жилав и создава врвни цивилизациски вредности. Вие покажавте дека вистинскиот успех не се мери само со личните достигнувања, туку и со она што човекот го остава зад себе – со учениците што ги инспирирал, студентите што ги оградил, книгите што ги напишал и идеите што ги поттикнал, со современите вредности што ги градил во заедницата. Затоа, ова признание не е само награда за минатото, тоа е и порака до иднината, порака до младите дека трудот има смисла, дека знаењето има вредност, дека последователноста се препознава и дека државата има обврска да ги почитува оние кои со својата работа ја праваат плодна, рече Антовиќ.

Слободата, додаде тој, се освојува со храброст, но се зачувува со мудрост, знаење, солидарност и одговорност.

-Генерацијата во 1944 година ја исполни својата историска должност. Нашата должност, пак, е поинаква, но не помалку значајна. Ние сме должни да градиме држава во која младите ќе ја гледаат иднината, во која уметниците ќе можат слободно да создаваат и во која знаењето и чесната работа ќе бидат вистински општествени вредности. Држава во која различностите ќе нè збогатуваат, а нема да не разделуваат – рече Антовиќ.

Писателот и универзитетскиот професор Андоновски заблагодарувајќи се во име на сите добитници, истакна дека револуцијата, недостатокот и врвот се „три свети зборови“ што го објаснуваат човековиот стремеж кон успехот.

-Секој од нас си го проектира својот врв во животот кој сака да го достигне – рече Андоновски, додавајќи дека за постарите генерации „недостигот од леб и права“ бил двигателот што ги водел кон нивните цели. 

Осврнувајќи се на значењето на достигнувањата, тој нагласи дека „патот до врвот ја чини смислата, а не качувањето на врвот“, додавајќи дека и по највисоките признанија остануваат нови предизвици. 

Тој врв ни отвори многу наши внатрешни врвови кои допрва треба да ги освојуваме – порача Андоновски.

Наградата „11 Октомври“ се доделува за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и други дејности од јавен интерес. Државната награда првпат е доделена во 1995 година.