Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Министерот Серафимовски присуствуваше на означувањето на почетокот на жетвата на оризот

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска во кочанското село…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска во кочанското село Горни Подлог присуствуваше на означувањето на почетокот на жетвата на оризот на традиционален начин, рачно и со срп. Демонстрирањето на овој обичај е дел од содржините на на 35. издание  на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ која започна на 2 октомври, а завршува денеска.

-Ова што го гледаме денес е доказ дека оризот како култура е повеќе од важна и затоа ние како Министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството, продажбата и нормално, за самата цена на оризот. Така што денеска ова е повеќе од празник, негување на традиција и доказ дека треба сериозно да се посветиме за негување на оваа земјоделска култура, рече Серафимовски.

 Како ресорен министер, тој соопшти дека веќе остварил повеќе средби со оризопроизводителите и со претставници на откупно-преработувачките центри.

Реклама

-Последната средба беше пред неколку дена во Општината Чешново – Облешево, каде што седнавме на заедничка маса со производителите и преработувачите.  Ние како држава дополнително ќе застанеме зад производителите на ориз и финансиски ќе им помогнеме за родот од минатогодишната реколта. Исто така, и на крајот на оваа сезона, ќе направиме дополнителна анализа и ќе решиме каква помош треба да добијат. Главно е дека треба да го зачуваме квалитетот на оризот, а преработувачите да го платат согласно методологијата за пресметување на цената, порача министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, додавајќи дека откупуачите имаат законска обврска да ја објават цената во откупните центри и тоа треба да го сторат веќе наредната недела.