Реклама

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Обвинение за смртта на работникот кој падна во окно од лифт, охридското обвинителство гони две лица и две фирми

Николоски: Владата ги претвора плановите во видливи резултати на терен – 100 милиони денари за локалната инфраструктура во Валандово

Инфлацијата под контрола, мерките на Владата треба да придонесат за уште посилен ефект

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Македонија

Гаши со честитка по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука

 Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка до припадниците на албанската заедница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка до припадниците на албанската заедница по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука.

-Почитувани граѓани Албанци, 22 Ноември, Денот на албанската азбука, нè потсетува на еден од најзначајните моменти во албанската историја. Конгресот во Битола од 1908 година означи пресвртница за јазикот, образованието и националниот идентитет. Битола стана местото каде што албанските преродбеници ги обединија знаењето, визијата и посветеноста за една заедничка цел. Нивната одлука беше повеќе од јазично достигнување; таа претставуваше чин на далекувидост, единство и одговорност кон идните генерации –  истакнува Гаши.

Јазикот, како што посочува Гаши, го отелотворува идентитетот на еден народ.

Реклама

-За Албанците, тој засекогаш останува обединувачка врска, носител на историјата и нераскинлив израз на достоинството на народот. Во Македонија, тој исто така претставува мост на комуникација, разбирање и соживот меѓу нашите граѓани.  Во својство на претседател на Собранието на Македонија, во која Албанците се државотворен народ, овој ден го сметам како момент за размислување за нашата заедничка одговорност да ги гарантираме еднаквоста, почитувањето на јазичниот и културниот идентитет, правичната застапеност и еднаквите можности за сите. Ова се темелни вредности за изградба на демократска, праведна и инклузивна држава. Нека 22 Ноември ни послужи како потсетник дека почитувањето на јазикот и идентитетот на едни со други е темел на единството и на нашата заедничка иднина – нагласува Гаши во четитката.