Реклама

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Прилози

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

И најмала искра може да предизвика сериозни последици. Практиката покажува дека добар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И најмала искра може да предизвика сериозни последици. Практиката покажува дека добар дел од пожарите што прераснуваат во огнени стихии се токму резултат на несовесното однесување на поединци, објаснува првиот човек на штипската Противпожарна единица, командирот Благој Ренџов. Во пресрет на завршувањето на жетвата на оризот, како и подготовката на нивите за есенската сеидба, тој апелира до земјоделците да не палат стрништа и сува трева.

„Сточарите и земјоделците да не ги палат своите ниви и сувата трева. Со самото запалување може да се предизвикаат сериозни штети. Неконтролираното горење на сувата трева може да предизвика сериозни пожари, но и големи штети врз шумските предели“, изјави командирот на штипската ТППЕ, Благој Ренџов.

Поради близината на нивите до регионалниот пат и фактот што стрништата се палат во попладневните часови, секогаш постои опасност огнот да претставува вистинска закана за учесниците во сообраќајот и да предизвика сообраќајни незгоди. Во штипскиот регион е релативно мирно, но состојбата знае да стане драматична во Кочанско, Чешиново-Облешево и Карбинско, посочува Ренџов.

Реклама

„Од година во година бројот на интервенции е сè поголем. Дневно, во просек, имаме од две до четири интервенции, и тоа најмногу на сува трева и стрништа“, изјави командирот на штипската ТППЕ, Благој Ренџов.

Секоја година по жетвата, околу 80% од интервенциите во Кочанскиот регион се најчесто на запалена сува трева и ожнеани површини. И покрај законските казни, надлежните не можат да ги искоренат традиционалните навики кај земјоделците. За физичките лица кои палат стрништа се предвидени казни од 1.500 до 3.000 евра, а истовремено ризикуваат да ги изгубат и државните субвенции.