Реклама

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Прилози

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Месечните трошоци во Македонија со минимален пораст, во август тие се зголемиле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Месечните трошоци во Македонија со минимален пораст, во август тие се зголемиле за само 29 денари во споредба со претходниот месец. Ова го покажуваат податоците од просечната потрошувачка кошница на Министерството за економија. Како што објасни министерот Дурмиши на денешниот брифинг, се воведува нов пристап во следењето на трошоците за живот на граѓаните, кој ги зема предвид официјалните статистички податоци, реално остварената потрошувачка на домаќинствата и цените на производите и услугите на пазарот.

„Нашата цел е јасна – да имаме реална и објективна слика за тоа колку трошат домаќинствата. За разлика од проценките што се прават според посакуваните потреби, нашата методологија се базира на податоци за реално остварената потрошувачка, во согласност со меѓународно прифатените статистички класификации“, изјави Бесар Дурмиши, министер за економија и труд

Според новиот метод на пресметување на министерството за економија просечната потрошувачка кошница во осмиот месец изнесувала 58 475 денари, што е 29 денари повеќе од јули, а најпозитивен податок е тоа што се намалиле трошоците за храна и пијалаци за 255 денари. Анализата не вклучува трошоци за алкохол, цигари и кирија за разлика од синдикалната кошница. Од министерството посочија дека според податоците, 95% од граѓаните живеат во сопствен дом. Разликата помеѓу потрошувачката кошница и синдикалната кошница која изнесува 68.676 денари е употребата на различни методологии. Но министерот за економија Бесар Дурмиши истакна дека целта не е да се натпреваруваат двете кошници туку да се дознае реалната слика за потрошувачката на луѓето и колку се задоволени основните потреби.

Реклама

„Просечната потрошувачка кошничка опфаќа 11 категории меѓу кои храна и пијалоци, вдомување, транспорт, здравство, образование, облека, комуникација и други производи и услуги. За пресметката се користат податоците од државниот завод за статистика, цените на производите во 8 градови податоците од 23 пазари за овошје и зеленчук како и цените на најпродаваните прехранбени производи од петте најголеми и три најголеми регионални трговски синџири.“

Министерот потврди и дека, покрај глобалните предизвици, инфлацијата во Македонија се движи со најзабавено темпо благодарение на мерките на Владата.

Знаете дека во Европа, просечно е, ако ги земем сите земји, околу 3,8 проценти инфлацијата. Имаме најмала инфлација и во регионот и во земјите од Европа што покажува дека мерките што сме ги преземале овој временски период кога сме во време на криза ги дале своите резултати.“

Дурмиши се изјасни и за предлогот на стопанската комора за скратување на неработните денови на 13 во годината. Тој ја потврди владината позиција, дека стекнатите права на работниците треба да се почитуваат.