Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Туристичките центри Охрид, Струга и Дојран се дувло на организирано питачење. Состојбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Туристичките центри Охрид, Струга и Дојран се дувло на организирано питачење. Состојбата загрижува, посебно во Охрид, каде што се транспортираат питачи од повеќе градови, а жртви се најчесто децата, укажуваат од невладината организација „Градиме иднина“. Предупредуваат дека ова не е само социјален проблем, туку и сомнеж за организирано искористување на малолетници.

„Од новороденчиња, од 3 години, од 5, од 7, 15, каде што и девојчиња се злоупотребуваат. За нудење сексуални услуги се изнајмувале апартмани овде. И апелирам до граѓаните, секој таков случај што ќе го забележат со изнајмување апартмани, ги замолувам веднаш во првата полициска станица, затоа што најголемото дувло е во Охрид со питачите, каде што ги носат од Тетово, од Гостивар, од Струга, од Битола, од Ресен. Значи, има организирана шема“, вели Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме иднина“, Скопје.

Зад привидната сиромаштија стојат мафијашки структури со добро разработен криминален бизнис што се шири. На мапата на организирано питачење е и Кичево. Децата се на улица по 8 часа, заработуваат од 3 до 6.000 денари, а потоа се изложени на физичко насилство, тврди Јовановиќ.

Реклама

„За жал, тие деца добиваат само 10 до 30 денари, истражувањата ова го кажуваат и на крај добиваат дебел ќотек, а останатите поголеми суми завршуваат кај нивните шефови и организатори. Полицијата тоа веќе го знае, се поднесуваат кривични пријави. Од втората опомена и третата веќе им се одзема родителското право. Судската постапка е многу тешка во Република Македонија. Баравме да се дополнат и изменат одредбите во Кривичниот законик, да веднаш бараме во рок од еден час да им се одземе родителското право и тоа е голем процес“, вели Јовановиќ.

Пет години трае проектот за извлекување на децата од улиците. Од околу 2.000 деца што, според здружението, секојдневно проселе низ земјава, бројката е намалена на 700. По нивното пронаоѓање, се упатуваат на здравствен преглед, а потоа следуваат полициски и социјални процедури. За трајно решение на проблемот потребни се дневни центри, враќање на децата во училиштата и градинките, како и системска работа со семејствата. Проблем останува и постапувањето со родителите кои повторно ги изложуваат децата на питачење, поради што Јовановиќ бара законски измени и поефикасни процедури.